13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров во Софија на министерски состанок за безбедносна соработка

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство во ЕУ, кој се одржа во Софија. Како што информираат од МНР, дискусиите на состанокот главно биле фокусирани на соработката и партнерството во областа на безбедноста и одбраната, а во рамките на посетата Димитров исто така остварил куса одвоена средба со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, како продолжение на напорите за надминување на разликата за името.

Инаку, на состанокот со министрите Димитров ја истакнал потребата за сеопфатен пристап и глобална посветеност во справувањето со безбедносните предизвици и побарал вклучување на земјите од регионот во заложбите за развој на безбедносните и одбранбени политики бидејќи, како што потенцирал, иако земјите на Западен Балкан не се членки на ЕУ, тие ѝ припаѓаат на истата Европска безбедносна заедница.

Во овој контекст тој ја поздравил амбицијата на бугарското претседателство да прерасне во балканско претседателство со посебен фокус врз политиката на ЕУ за проширувањето. Исто така, министерот за надворешни работи ја поздравил и Стратегијата на ЕК за перспективите на проширувањето со земјите од Западен Балкан, со која се потврдува иднината на регионoт како геостратешка инвестиција во стабилна, цврста и обединета Европа.

Воедно, Димитров ги информирал присутните и за соработката на Република Македонија во областа на безбедноста и одбраната ставајќи акцент на учеството на нашата земја во мисиите/операциите предводени од ЕУ, НАТО и ОН, учеството во глобалната коалиција за борба против тероризмот, како и споделувањето на ставовите со ЕУ во рамките на нејзината надворешна и безбедносна политика. На маргините на настанот министерот остварил повеќе средби со своите европски колеги со кои разговарал за неодамна усвоената Стратегија и за европските перспективи на земјава.

Спонзорирано: