6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ со неочекуван потег: Ова е иницијативата која ја соопшти Влатко Ѓорчев по доаѓањето на делегацијата на партијата од Вашингтон

ВМРО-ДПМНЕ ќе поведе надворешно-политичка иницијатива за пристапување на Република Македонија кон иницијативата „Три мориња“, во којашто членуваат дванаесет европски земји.

Како што рече Влатко Ѓорчев, се работи за иницијатива што покрива еден милион и двесте илјади километри квадратни и повеќе од 110 милиони жители. Членки на оваа иницијатива се Литванија, Естонија и Латвија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Австрија, Словенија, Хрватска, Романија и Бугарија.

„Во изминатата недела делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата во Вашингтон, за време на средбите со претставниците на Стејт департментот на Белата куќа, како и на Тинк Тенк заедницата, вклучувајќи ги и средбите со конгресмените и сенаторите ја споменавме оваа идеја и оваа идеја за членство на Република Македонија во иницијативата на ‘Трите мориња’ апсолутно наидува на поддршка од Вашингтон“, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека клучните работи на коишто е сконцентрирана оваа иницијатива се инфраструктурните проекти, односно автопатишта, како и делот на енергетската безбедност и енергетските коридори. Ѓорчев истакна дека иницијативата е проевропска, но и евро-атланска, којшто е поддржана силно од САД и претседателот Доналд Трамп.

Спонзорирано: