5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Светот во солзи: Се урна авион – многу мртви

На местото на падот на рускиот авион „Ан-148“ со 65 патници и шест членови на екипажот, пронајдена е една црна кутија.

Властите велат дека истражител испитува неколку теории за падот на авионот, а потрагата продолжува.

„Меѓу теориите за причините за пад на авионот се неповолните временски услови, грешка од човекова природа и технички проблеми“, изјави портпаролката на рускиот Истражувачки комитет, Светлана Петренко.

Меѓутоа, според други извори, временските услови не биле неповолни во моментот на падот на леталото.

Истовремено, руските медиуми истакнуваат дека на местото на несреќата спасувачите пронашле две тела и дека на списокот на патници било и едно дете.

Авонот летал од Москва кон градот Орск. Се сруши во раните попладневни часови по локално време.

Рускиот министер за сообраќај потврди дека во несреќата нема преживеани.