13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонската полиција вечерва спречи уште еден ужас – голема спасувачка акција на Попова Шапка

Вечерва околу 21 часот се пронајдени и спасени шестмина скијачи кои денеска се изгубија на Попова Шапка.

Околу 17. 30 часот во Полициското одделение Попова Шапка дошол 30-годишниот Ф.Р од тетовското село Лисец. заедно со косовскиот државјанин М.З. и пријавиле дека двајца косовски и четворица македонски државјани околу 14 часот и 30 минути со жичница се искачиле на „Церипашина“ и потоа се спуштиле по патеката Јелак.

Но, поради густата магла залутале и се изгубиле во непознат шумски предел, некаде два километри северно од месноста „Шипковачки бачила“, над селото Вешала.

Веднаш е организирана потрага по шестмината скијачи и околу 21 часот сите се пронајдени живи и здрави во месноста „Студорек“ , во близина на „Шипковачки бачила“, и со ратрак веќе се спуштаат кон Полициското одделение Попова Шапка.

Спонзорирано: