25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Еве како денес изгледа момчето кое пушеше по две кутии цигари на двегодишна возраст

Арди Ризал стана интернет сензација која предизвика згрозување откако се појави веста за тоа дека индонезиско двегодишно момче пуши по две кутии цигари на ден.

Неговиот татко е пушач, но останало нејасно како на момчето воопшто му дозволиле да пуши, а приказната ги шокирала родителите и социјалните служби ширум светот.

Погледнете го видео прилогот за тоа:

После јавното засрамување родителите успеале да извршат притисок врз момчето и го фалеле што успеал да ја намали количината цигари, а потоа и да прекине со пушењето.

„Беше болен, многу кашлаше и лекарот рече дека мора да престане со тоа“, рекла мајката на момчето.

Откако успеал да ја победи зависноста од никотин, Арди пронашол утеха во храната.

Стручњаците истакнуваат дека е ужасно тешко да се откажете од животните навики во раното детство, како и дека зависноста обично се заменува со нешто друго.

Поради тоа момчето почнало да се дебелее, па имало здравствени проблеми.

На крај, лекарите интервенирале, па извршиле зафат за Арди да не умре од дебелеење.

Денес Арди живее нормално, се храни нормално и избегнува никотин.