20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Со лопата уништил скапоцено „Бе-Ем-Ве“: Не требало многу за да го предизвикаат (Видео)

Австриските медиуми објавија шокантна снимка на која, како што наведуваат, државјанин на БиХ, со лопата крши паркиран автомобил на бензинска пумпа во Леоберсдорф во Австрија.

Видеото почнува со расправа помеѓу двајца мажи на бензинска пумпа. Еден од мажите држи мобилен телфон, го снима својот „противник“ и му вели да го искрши автомобилот.

„Нема ништо да искршам, ти си болен“, одговара другиот маж.

Откако лицето со телефонот неколку пати повторило: ајде искрши го, само напред, мажот изгубил нерви, земал лопата и почнал да го крши паркираното „Бе-Ем-Ве“.