20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема спасувачка акција во Македонија: Пронајдени се двајцата исчезнати французи живи, но премрзнати по силното снежно невреме на Попова Шапка

Денеска околу 15 часот во СВР Тетово пријавено е дека двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка и дека единствено знаеле дека се наоѓаат покрај некоја карпа.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскоспасителната служба веднаш започнаa со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силното снежно невреме.

Некаде околу 17 часот и 50 минути, тие се пронајдени живи, но премрзнати и со ратрак се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка.