3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Има 39 жени и 94 деца: Сакам да го ширам семејството!

Сите 167 членови на семејството на Зионa Чанa живеат во четирикатна куќа со 100 соби, а 66-годишниот Индиец нема намера да го запре ширењето на семејното стебло, пренесоа медиумите.

Имено, Чанa моментално има 39 жени, 94 деца и 33 внуци.

Чанa, кој живее во изолирано село на границата со Бурма и Бангладеш, во секој момент покрај себе има барем седум жени.

– Дури и денес имам воља да го ширам семејството и подготвен сум да се женам, вели Чана.

Неговите жени ја делат спалната соба, додека синовите со своите жени имаат посебни простории. Сопругите ја водат кујната, ќерките се задолжени за хигиената, а мажите за земјоделие и сточарство.

– Имам толку луѓе за кои се грижам, се сметам за многу среќен човек, вели Чана.

Инаку, Зиона Чана предводи локална христијанска секта која одобрува полигамија.

Спонзорирано: