21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Куче исчезнато во поплава пронајдено 3.000 километри подалеку

Куче кое во мај исчезнало во поплавите на подрачјето на Тексас пронајдено е три илјади километри подалеку и среќно вратено дома, пренесоа локалните медиуми во Тексас.
Сопственикот на питбулот Еди Хуртадо за новинарите рекол дека Тор побегнал во моментот кога неговото семејство било евакуирано од домот во Сан Маркос поради поплавите предизвикани од излевањето на реката Бланко во мај. Семејството во куќата оставило три кучиња и кога се вратило ги дочекале две, а Тор исчезнал.
Полицијата го пронашла кучето во септември на северот од Калифорнија оддалечен 3.200 километри.
Спонзорирано: