9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Запален автомобилот на познатиот македонски новинар (фото галерија)

Утрово во еден час по полноќ,  бил запален автомобилот на прилепскиот новинар Зоран Милошески.

Возилото кое било паркирано во гаража, но оние кои наумиле да го запалат не го сметале тоа за пречка, па така автомобилот е целосно уништен, а счучајот е пријавен во полиција.

Лани во јануари беше запалена гаражата на Милошески, а сторителите до денес не се откриени.
Еве што напиша на својот ФБ профил новинарот од Прилеп, Зоран Милошоски за инцидентот.

“Почитувани пријатели, околу 1 часот и 20 минути после полноќ, беше запалено моето возило марка „Сузуки свифт“, кое беше паркирано во гаражата.

Противпожарната единица интервенираше веднаш откако соседите го виделе возилото како гори. Увид направи и екипа на Полициската станица од Прилеп. Возилото е целосно уништено.

Палењето на мојот автомобил се случи точно една година подоцна, откако во јануари 2017 година беше запалена мојата гаража. Сторителите се’ уште не се откриени.

Во текот на денешниот ден преку прес конференција или соопштение, јавноста ќе биде подетално информирана за настанот. Во прилог неколку фотографии од запаленото возило…”

Спонзорирано: