14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп побара воена парада во Вашингтон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му нареди на Пентагон во втората половина од годинат, да организира голема воена парада со цел да се покаже моќта на американската војска, која ќе вклучува дефиле на војската и тенкови на улиците на Вашингтон.

Трамп, по повод воената парада на 18 јануари, се сретнал со генералот на Пентагон, тврди неименуван извор, а пренесува „Вашингтон пост“.

„Наредбата за марш звучеше вака: ‘Сакам парада како онаа во Франција’, рекол неименуваниот воен извор и додал дека се работи на тоа на највисоко воено ниво.

Инаку, претставувањето на воената сила не е типично за САД, и тоа воопшто не е евтино. Претставничката на Белата куќа, Сара Хакаби Сендерс, потврди дека плановите за парадата се во тек.

„Претседателот Трамп многу ги поддржува членовите на службите кои секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ја направат безбедна нашата земја. Тој побара од Министерството за одбрана да размисли за прослава на која сите Американци би можеле да ја покажат својата благодарност“, истакна Сендерс.

И Пентагон ја потврди веста.

„Свесни сме за барањето и во тек е процес за утврдување специфични детали. Ќе споделиме повеќе информации во тек на процесот на планирање“, наведе портпаролот на Министерството за одбрана, Томас Кросон.

Спонзорирано: