17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експерти од ОН: Исламска држава не е поразена, отсега ќе напаѓа на поинаков начин

Експертите на ОН сметаат дека екстремистите на терористичката група Исламска држава и натаму претставуваат огромна и растечка закана низ целиот свет. Во извештајот доставен до Советот за безбедност на ОН експертите велат дека ИД веќе не се фокусира на освојување и задржување територии, но и понатаму ги поддржува нападите.

Според експертите, ИД сега е организирана како глобална мрежа, со намалена оперативна контрола над нејзините сојузници, а постојат обвинувања дека некои членови на терористичката група соработуваат со мрежата на „Ал Каеда“ за да имаат заемна поддршка за нападите.

Заклучокот на експертите е дека борбата против екстремистичката ИД влегува во нова фаза и дека главниот фокус ќе биде на „не толку видлива мрежа од поединци и терористички келии, кои дејствуваат со одреден степен на автономија“.

Спонзорирано: