14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Кој не ракоплеска, тој е предавник

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги обвини демократите дека не се вистински Американци, па можеби и предавници бидејќи не му ракоплескале за време на говор.

При обраќање во индустриската населба Блу Еш во Охајо, Трамп изјави дека демократите минатата недела испратиле „лоша енегргија“ и дека не ракоплескале дури ни на добрите економски вести.

„Дали тоа да го наречеме предавство? Зошто да не?“, рече Трамп и додаде дека не изгледа оти демократите многу ја сакаат својата земја.

Во САД стана вообичаено опозициската партија ладно да реагира на говорите на Трамп посветени на нацијата.