23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Снежно невреме во САД – 650 сообраќајки, петмина мртви

Властите на американската сојузна држава Мисури соопштија дека пет лица настрадаа, а десетина се повредени во повеќе од 650 сообраќајки што се случиле на патиштата завеани со снег.

Сообраќајната полиција на Мисури објави дека од вчера напладне континуирано расте бројот на сообраќајни несреќи, особено откако влажните коловози замрзнале поради ниските температури.

Се наведува дека најголемата несреќа се случила на меѓународниот автопат 44 во близина на Маршфилд, каде што биле оштетени помеѓу 60 и 80 возила, а настрада 55-годишен маж од Калифорнија.