Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Во живо) Врие на улиците од народ: Во Атина започна масовниот протест под мотото „Македонија е грчка“

Со безбедносни мерки, со затворени улици и метро станици на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент започна долго најавуваниот протест, за кој организаторите велат дека е за „одбрана на името Македонија“.

Според изјавите на организаторите за грчките медиуми, процените се дека денеска на собирот ќе има најмалку 1 милион граѓани. Според нив, протестот ги надминува политичките партии и неговата порака е патриотска и непартиска. Протестот тврдат дека е финансиран од „македонски организации во Грција и надвор од неа, особено од САД“.

Се очекува на протестот да дојдат повеќето пратеници на конзервативната партија „Нова Демократија“.

Нивниот лидер, Киракос Мицотакис рече дека партијата ги почитува сите кои бираат да присуствуваат, но и оние кои нема да присуствуваат на протестот. Поранешниот конзервативен премиер, Антонис Самарас, рече дека недела ќе биде „голем ден за земјата“.

Медиумите пренесуваат дека грчката полиција е на готовс за да бидат превенирани можни немири откако беше закажан и контра-протест во близина на главниот протест. Полицијата ќе придружува и десетици автобуси кои ќе носат демонстранти од другите делови на земјата на главниот протест кој е поддржан од грчката црква.

Спонзорирано: