Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија напади од кучиња во Скопје

На 03.02.2018 година во 12,15 часот во ПС Центар С.П.(63) пријавил дека истиот ден околу 11,45 часот додека се возел со велосипед по ул.“Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнат-каснат од група кучиња во пределот на десната подколеница.

На 03.02.2018 година во 15,00 часот во ПС Центар Ѓ.И.(38) пријавил дека на 01.02.2018 година околу 11,00 часот на плоштад Македонија бил нападнат-каснат од куче скитник на задната страна од десната нога.

На 03.02.2018 година во 14,40 часот во ПС Ѓорче Петров С.М.(59) пријавила дека на 01.02.2018 година околу 09,30 часот на ул.“Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на десната подколеница. Покрај ова истиот ден во ПС Ѓорче Петров е пријавено од страна на В.Р. (60) дека околу 10,30 часот на посочената улица “Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на левата подколеница.

Спонзорирано: