10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Полицијата изброја 140.000 учесници на протестот во Атина

На денешниот протест во Атина против употреба на терминот Македонија во името за нашата земја, според според полициски извори, учествувале околу 140.000 Грци.

Тие протестираа со паролите дека „Македонија е грчка“ и порачаа дека одбиваат секаков консензус се додека Скопје продолжува да се заканува со иредентистичка пропаганда.

Во исто време како масовните протест, во Атина се одржа и контра-протест на анархистички и левичарски организации кои побараа Грција да не се занимава со национализам, туку со работничката класа и нивните проблеми. Според тамошните медиуми, полицијата со солзавец ги раздвојувала групите демонстранти кои се судриле за време на протестот против користењето на името „Македонија“ од страна на нашата земја.

Спонзорирано: