16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Палестински тинејџер застрелан при судир со израелската војска

Палестински официјални лица соопштија дека 19-годишно момче било убиено при судир со израелската армија на Западниот брег.

Палестинското Министерство за здравство објави дека Ахмад Абу-Обид бил погоден со куршум во глава за време на судирите на израелските војници со Палестинци кои ги каменувале трупите во близина на градот Џенин. Црвениот крст наведе дека во истиот инцидент уште петмина демонстранти биле повредени со гумени куршуми.

Израелската армија не го коментираше случајот, но рече дека ги проценува извештаите за повредените. Израел во таа област извршува акции во потрага по убиец на 35-годишен жител на Западниот брег, кој неодамна беше убиен додека возел автомобил со повеќе истрели упатени од друго возило.

Спонзорирано: