26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нормализиран сообраќајот на патот Јегуновце – Радуша

Денеска околу 09 часот патниот правец кој води од село Јегуновце кон село Радуша, скопско, е нормализиран за сообраќај.

Поради излевање на вода од Голема река, сообраќајот на овој патен правец претходно беше во целосен прекин, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на планинскиот превој Буково каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет има на планинскиот превој Стража и во Крушево, кој во моментов не се задржува на коловозот.