10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Учеснички во обуките за стари занаети донираа плетена облека за децата со посебни потреби

Учеснички во обуките за стекнување вештини од стари занаети донираа производи на деца со посебни потреби, на настан кој се одржа во саботата во едукативниот центар во Зоолошката градина во Скопје, информираат од министерството за труд и социјална политика.

Плетена облека произведена во рамки на обуките добиле децата од здружението „Во мојот свет“, здружението на родители на деца со аутизам „Марко Поло“ од Битола, ПОУ „Иднина“, „Маго плус“ и здружението „Сплотени срца“ од Штип. Според информациите од министерството, вредноста на донацијата изнесувала околу две илјади евра.

Една од организаторките на настанот, Валентина Здравевска, е долгогодишен обучувач за рачно и машинско плетење во низа проекти, меѓу кои се и обуките за стекнување вештини од стари занаети што се спроведуваат преку АВРМ. Ваквите обуки траат од три до шест месеци, во зависност од занаетот кој се изучува.

Дел од кадрите обучени под менторство на Здравевска ги искористиле и грантовите кои што се доделуваат во рамки на Оперативниот план на активни мерки за вработување за отворање сопствен бизнис. Овие мерки се наменети за зголемување на вработливоста и вработеноста, преку финансиска и стручна поддршка на невработени лица.

Спонзорирано: