9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Неколку илјади луѓе демонстрираа во Киев барајќи оставка на претседателот

Неколку илјади луѓе демонстрираа во центарот на Киев и бараа оставка на претседателот Петро Порошенко.

Митингот е организиран од страна на партијата Движење на нови сили на опозицискиот политичар Михаил Саакашвили. Учесниците маршираа од паркот Шевченко на Европскиот плоштад, држејќи украински знамиња и црвено-црните партиски банери, извикувајќи слогани како „Оставка” и „Украина без олигарси”.

Организаторите на „Марш за иднината” велат дека настанот го означува почетокот на кампањата за повик за оставка на претседателот, предвремени парламентарни избори и формирање на нова влада. Околу 2.000 полицајци беа распоредени во главниот град пред митингот. Саакашвили беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година.

Спонзорирано: