16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Демонстрантите се судрија во Атина, полицијата употреби солзавец

Две групи демонстранти на протестот за Македонија во Грција се судрија во центарот на Атина на плоштадот Синтагма. Според тамошните медиуми, полицијата со солзавец ги раздвојувала групите демонстранти кои се судриле за време на протестот против користењето на името „Македонија“ од страна на нашата земја.

Грчките медиуми пишуваат дека станува збор за членови на десничарската Златна Зора, чии лидери биле исто така на протестот. За време нa големиот националистички протест, истовремено се одржа и контра-протест поддржан од левичарски и анархистички здруженија и групи, кој е оддалечен нешто повеќе од еден километар од главниот настан. Од грчката полиција преку соопштение наведуваат дека на протестот во центарот на Атина присуствувале 140 илјади граѓани, а од цела Грција дошле со 283 автобуси.