11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Времето притиска, Меркел се надева дека ќе се формира влада

Германската канцеларка Ангела Меркел се надева дека денеска или во наредните денови ќе може да го објави формирањето на владејачката коалиција со социјал-демократите и така да излезе од постизборната пат позиција која ја заслабна и во Германија, но и во Европа.

Повеќе од четири месеци по парламентарните избори, конзервативците од Христијанско – демократската унија (ЦДУ) и Христијанско – социјалната унија (ЦСУ) бараат решение за здравството, работничките права, Европа и пензиите за да ги убедат социјал-демократите (СПД) да ја обноват „големата коалиција“ за уште четири години.

Иако вечерва истекува иницијалниот рок за компромис, партиите оставија можност преговорите да се продолжат уште два дена. „Се надевам дека ќе успееме, иако проблемите сè уште не се решени“, изјави Меркел.

Ако Меркел не успее во преговорите ќе мора да се одлучи меѓу четвртиот мандат на канцелар на чело на нестабилна малцинска влада или за одржување на нови избори.

Спонзорирано: