20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исчезна танкер во Гвинејскиот залив

Танкер со екипаж од 22 лица, исчезнал во Гвинејскиот залив каде активно оперираат пиратски бродови, пренесоа индиските власти.

Бродот „ММ Марин Експрес“ со ознака на Панама, во кој имало и повеќе Индијци, пренесувал 13.500 тони нафта, а тргнал од Бенин.

Индиското министерство за надворешни работи соопшти дека е во постојан контакт со властите на Бенин и Нигерија и додаде дека последниот контакт со екипажот на бродот бил остварен во четвртокот. Индиските медиуми објавија дека ова е втор танкер кој исчезнал за помалку од еден месец.

Танкерот „МТ Барет“ исчезна во јануари. Членовите на екипажот, главно Индијци, беа ослободени шест дена подоцна по платениот откуп за нив.

Според Меѓународната поморска канцеларија, минатата година биле регистрирани околу 180 пиратски операции. Гвинејскиот залив, кој се наоѓа во западниот дел на Африка, важи за главно упориште на пиратите.