20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Мерцедес“ ги части вработените со бонус од 5.700 евра

„Мерцедес“ ги части вработените со бонус од 5.700 евра

Сопственикот на „Мерцедес“, компанијата „Дајмлер“, во 2017 година продала рекорден број возила, а еден дел од профитот ќе биде уплатен на сметките на работниците.

Минатата година била одлична за сопствениците на „Дајмлер“, со оглед на тоа што компанијата во рамки на своите брендови ширум светот испорачала рекордни 3,3 милиони возила (+9 % во однос на 2016).

Ваквиот резултат се одразил и на годишните бонуси кои фирмата ги исплатува на вработените, а кои во однос на претходната година се зголемени за по 300 евра и изнесуваат и до 5.700 евра.