17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, снег на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози, информираат попладнево од Авто-мото сојузот на Македонија. Во јужните делови од државата коловозите се претежно суви. Оттаму, додаваат дека на Попова Шапка се бележат врнежи од снег кој наместа се задржуват на коловозот, но во моментов тоа не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.