9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иронија: Судијата задолжен за корупција обвинет за корупција

Судија задолжен за случаи на коруптивни државни службеници во Нигерија е обвинет за корупција.

Агенцијата за борба против корупција го обвинува судијата Данлади Умар дека за „услуга“ од осомничениот побарал 10 милини наири (22.300 евра).

Умар, претставувајќи го специјалниот суд кој се занимава со случаи на затајување данок и корупција, наводно од истиот осомничен и претходно добивал пари.

Тој минатата година го ослободил претседателот на Сенатот, Букола Сараки, кој важи за трет човек во државата, од обвинение за корупција.

Нигерискиот претседател Мухамед Бухари најави кампања против корупцијата по доаѓањето на власт 2015 година.

Спонзорирано: