6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мајката ја нашла мртва во купатило: 12-годишната Ксенија починала откако и паднал телефонот во вода

Ксенија П. (12) од Русија починала од струен удар во нејзината када во куќа во предградие на Москва, кога во водата и паднал мобилен телефон кој се полнел.

Несреќата се случила минатата недела. Девојчето одлучило да се искапе после тренингот.

Легнала во када полна со вода и слушала музика, кога и се испразнила батеријата на мобилниот телефон.

Земала полнач и го вклучила во струја. Во тој момент телефонот и паднал во вода.

Нејзината мајка во тоа време спремала вечера. После некое време се загрижила бидејќи нејзината ќерка не се гогласувала.

Кога влегла во купатило, девојчето веќе било мртво. Мајката веднаш повикала Итна помош и се обидувала да ја оживее, но немало спас.

Спонзорирано: