6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Само Даниела Рангелова разбрала за што е обвинета – другите не знаат

Никола Груевски и другите обвинети во случајот „Шлаканици во Центар“ се изјаснија дека не се сигурни оти може да го разберат докрај обвинението, посебно затоа што имало одредени измени. Замолија да го добијат обвинението со техничките измени написмено. Само пратеничката Даниела Рангелова се изјасни дека разбира за што е обвинета од СЈО. Судијата Душан Јосифов на Груевски му рече дека смета оти е интелектуалец и поради тоа може да разбере за што е обвинет. „Вие сте интелектуалец и навистина нема потреба, а и не знам како појасно да ви го објаснам обвинителниот предлог“, рече судијата Јосифов. Обвинителката Фетаи даде коментар дека, ако е потребно, да им се направи и вештачење на обвинетите.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за 13 март. Денешното судење почна од почеток поради промена на распоредот на судии со воведни зборови на обвинтелката Фетаи. Адвокатите на Груевски и другите обвинети повеќе од 3 часа изнесуваа процесни приговори, а судијата им дозволи да искажат сè на што имаат забелешка. Во предметот се обвинети 14 лица. Двајца признаа вина и беа правосилно осудени, а за еден се води издвоена постапка.

Спонзорирано: