23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев очекува решение за спорот за името до јуни

Премиерот Зоран Заев очекува до средината на годината да се најде решение за спорот за името и на самитот на НАТО во јуни да биде активирана поканата за членство на Република Македонија. Заев во изјава за бугарската телевизија „Нова“ вели дека евентуалното решение ќе треба да биде одобрено на референдум.

– Референдумот треба да биде дополнителна гаранција и за нашите пријатели од Република Грција бидејќи со тоа дефинитивно ќе се тргнат сите сомнежи, а народот ќе стои зад решението што ќе биде прифатено. Убеден сум дека Македонците се подготвени за тоа. Но, сè уште сме во преговори и се надевам дека решението ќе го зачува достоинството на граѓаните и на Грција и на Република Македонија – истакнува Заев.

Оптимизам дека е можно решение за само неколку месеци или недели изрази и медијаторот Метју Нимиц, кој по вчерашните средби со македонскиот државно-политички врв изјави дека сега е вистинско време за одлуки.

– Не сакам да ги потценам разликите во гледиштата, но, се надевам, ќе се решат, се создава еден позитивен момент и треба да се искористи. Ова е вистинско време да се обидеме да постигнеме напредок, конечно да го решиме и регионот да тргне напред со двете земји, а пријателството меѓу двете земји да продолжи“, додаде Нимиц.

Спонзорирано: