14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Правда и Здружението на судии расправаа за законите за судовите и Судскиот совет

Министерството за правда и Здружението на судиите организираа стручна расправа за Законот за судовите и Законот за Судски совет.

Од Министесртвото посочуваат дека целта на дебатата била да се расправа за поинаква можна поставеност на Судскиот совет согласно со добрите практики и потребите во земјава, притоа имајќи ги предвид досегашните забелешки на стручната и научна јавност. Особено внимание се посветило и на забелешките кои произлегуваат од судската фела искажани на повеќе дискусиски форуми во форма на заклучоци организирани од страна на Здружението за судии, како и забелешките од двата извештаи на Прибе, заклучоците на Венецијанската комисија при Советот на Европа и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.

Министерот Билен Салији истакнал дека обврската на Министерството за правда е во делот на правосудството да продолжат со реформите, согласно со забелешките дадени од страна на нашите европски партнери. Од Министерството посочуваат дека токму затоа била изработена и усвоена Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор во која значително внимание се посветува токму на функционирањето и поставеноста на Судскиот совет.

Салији додал дека Владата е целосно посветена на евро-атлантската интеграција на нашата држава и за таа цел го донела планот 3-6-9. Во рамките на тој план Министерството за правда го изработило и Законот за изменување и дополнување на законот за Судскиот совет на РМ и Законот за изменување и дополнување на законот за судовите.

Спонзорирано: