5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јавна расправа за предлог-законот за следење комуникации

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија одржа јавна расправа по предлог-законот за следење комуникации и предлог-законот за оперативно-техничка агенција, во рамки на единаесеттата седница, во зградата на Собранието на Република Македонија.

Јавната расправа ја отвори и со неа претседаваше претседателката на Комисијата за одбрана и безбедност, Фросина Ташевска Ременски.

На седницата на Комисијата присуствуваа членови и заменици на членовите на Комисијата за одбрана и безбедност, пратеници, претставници на Владата на Република Македонија, поголем број институции, организации, професори и експерти од областа на одбраната и безбедноста.

Од Собранието велат дека дискусијата била можност да се изврши увид, темелно да се проучат и да се испитаат прашањата по однос на предлог-законите, нивно доуредување или допрецизирање, како и поголема транспарентност во работата на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе подготви извештај во кој ќе бидат содржани мислењата, ставовите и предлозите кои беа изнесени на јавната расправа и истиот ќе го достави до Собранието на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи.

Спонзорирано: