20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АВМУ: На новинарите да им се озвозможи непречено вршење на работата

Во врска со вчерашната реакција на „ТВ 21“ дека нивен новинар бил попречен да постави прашање на прес-конференција во Министерството за надворешни работи, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на неопходноста новинарите да можат непречено да си ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес.

„Улогата на медиумите и отвореноста на институциите кон нив е од клучно значење во современите демократски општества бидејќи само на тој начин се овозможува отворање и учество во пошироки јавни дебати, слободно создавање на јавното мислење и формирање критички ставови“, велат од АВМУ.