10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Мицубиши“ ќе повлече речиси 140.000 возила

„Мицубиши“ ќе повлече речиси 140.000 возила, меѓу кои и некои од најпродаваните модели во САД, поради грешка, односно опасност ременот за помошен погон да се олабави и да доведе до застој на моторот.

Меѓу моделите што ќе бидат повлечени се „СУВ аутлендер“ од 2008 до 2012 година, потоа „СУВ аутлендер спорт“ од 2011 до 2012 година, како и автомобилите „лансер“ од 2009 до 2012 година и „лансер спортбек“ произведени од 2010 до 2012 година.

Во сите овие модели се вградени моторите на „Мицубиши“ 4Б11 и 4Б12. Од компанијата соопштиле дека фланшата, која автоматски ја нагодува затегнатоста на ременот, може да пукне и да предизвика ременот да се олабави. Тоа може да доведе до испразнување на акумулаторот и застој на моторот.

„Мицубиши“ бесплатно ќе ги замени овие делови. Повлекувањето на возилата ќе почне на 27 март.

Спонзорирано: