11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: Кризата со Рохинџите во Мјанмар има обележје на геноцид

Специјалната претставничка на ОН за човекови права во Мјанмар, Јанхај Ли, оцени дека насилните операции на армијата на Мјанмар кон муслиманите Рохинџи имаат обележје на геноцид.

Претставничката во Сеул, каде што се наоѓа нејзината канцеларија, рече дека не може да ја донесе конечната одлука дека станува збор за геноцид додека тоа не го докаже надлежен меѓународен суд, но додаде дека акциите на војската имаат многу такви карактеристики.

Одговарајќи на прашање за извештајот во кој се опишуваат маскар и пет масовни гробници во едно село во Мјанмар, претставничката на ОН рече дека нема конкретни детали, но додаде дека тоа е модел што се користи при прогонот на муслиманското малцинство.

Повеќе од 690.000 Рохинџи пребегнаа од Мјанмар во соседен Бангладеш од август 2017 година стравувајќи од кампањата за етничко чистење, осудена од меѓународната заедница и од ОН.

Спонзорирано: