13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Владата за планот на Коѕијас: За решение, потребна е волја од двете страни

Од наша страна имаме добра волја за заемно прифатливо решение што ќе ги почитува интересите, достоинството и идентитетот на двата народа, а за тоа да се случи, потребни се нужна волја и компромис од двете страни, е ставот на Владата на РМ во врска со планот на Грција кој ќе биде испорачан до македонските власти кон средината на февруари.

Од Владата не откриваат повеќе детали потенцирајќи дека заемно меѓу двете држави се одвиваат работите одговарајќи на прашање дали македонската Влада била известена за планот на Грција.

– Разговорите се водат под медијаторство на Метју Нимиц во рамките на ООН. Во таа рамка се водат и директни средби помеѓу министерствата за надворешни работи, потоа се крена еден степен погоре на ниво на премиери. Разговорите, т.е. преговорите се водат така што заемно ги работиме сите работи – изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Од Владата не откриваат ниту детали за очекувањата од средбата со медијаторот Нимиц, единствено го повторуваат ставот дека сега е вистинското време за решение. Медијаторот Метју Нимиц денеска пристигна во дводневна посета на Скопје. Нимиц по средбите со државниот врв во Атина, вчера изјави дека има момент за решение на спорот за името и дека по 25 години, време е за носење одлуки. Претходно, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, во интервју за државната телевизија ЕРТ откри дека Грција на Македонија ќе ѝ понуди спогодба во четири точки, кои се однесуваат на предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда.

Oд македонското Министерство за надворешни работи реагираа дека јавното соопштување на крајните позиции го намалува просторот за разговори.

Медијаторот Нимиц утре ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Спонзорирано: