14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гостиварец дал 72.000 денари, а за возврат добил лажен дијамант

Вчера околу 13.00 часот Т.Д. (69) од Гостивар пријавил дека истиот ден (30 јануари) во населбата Малеарди бил измамен од две непознати лица.
Според неговиот исказ, непознатите лица го пресретнале и му се претставиле дека едниот е од Србија, а другиот од Израел. Тие му кажале дека претходно им се случила сообраќајна несреќа и дека во автосервис не им ги примале чековите за да го поправат возилото, а морале да ја однесат сопругата на едниот од нив во болница.
Притоа, лицето што се претставило како Израелец од кутија извадил лажен дијамант и му го оставил на Т.Д. како гаранција дека ќе се вратат доколку им даде 72.000 денари. Т.Д. им ги дал парите во апоени од по 2.000 денари, но тие не се вратиле. На Т.Д. набргу му станало јасно дека дијамантот е лажен и дека е измамен од двете лица. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Спонзорирано: