21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нивото на загаденост и денеска високо, јавниот превоз е бесплатен

Мерните станици и денеска покажуваат високо ниво на загаденост со ПМ 10-честичките на повеќе локации во Скопје.
Мерењата утрово покажаа дека загаденоста кај Ректорат изнесуваше 258 микрограми на  кубен метар, понатаму измерени беа 222 микрограма во Лисиче, 217 во Гази Баба и 201 микрограм на кубен метар во Карпош.
Од вчера јавниот превоз е бесплатен сè до моментот на намалување на загаденоста. Меѓу итните мерки што ги најави Град Скопје е интезивирање на контролата на градилиштата, инспекциски надзори над субјектите што управуваат со отпадни гуми и отпадни масла, како и интензивно чистење на улиците и булеварите.
Спонзорирано: