8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фрчат кривични од МВР – уште еден градоначалник заврши со кривична

Полицијата од Свети Николе поднесe кривична пријава против Р.Ѓ. (44), кој од позицијата градоначалник на Свети Николе во 2012 година го оштетил буџетот на Општината и овозможил компанија противправно да стекне сума од 8.574.814 денари.
Против Р.Ѓ. е поднесена пријава за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, а против ДПТУ „Еуродрво“ ДООЕЛ Скопје, А.П. (54) од Скопје и С.Д.(55) од Штип за сторено кривично дело бесправно градење.
Како што информираат од МВР, во 2012 година, првопријавениот, како градоначалник на општина Свети Николе, без основен проект, без одобрение за градење и промена на детаљниот урбанистички план, донел одлука за реконструкција и изградба на горен строј на коловозни површини на две улици во Свети Николе.
Потоа, второ и третопријавениот, како одговорни лица во ДПТУ „Еуродрво“ ДООЕЛ Скопје, ја извеле градбата, а четвртопријавениот, и покрај тоа што знаел дека нема основен проект и одобрение за градба, извршил надзор над градежните работи.
На 22 август 2012 година првопријавениот, спротивно на Законот за јавните набавки, повторно донел одлука за јавна набавка на две позиции што биле опфатени во првата јавна набавка, со што ја зголемил првата јавна набавка 35 отсто, а трето и четвртопријавениот ја изготвиле потребната документација и ја доставиле до Општина Свети Николе за наплата.