11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јавна дебата за дискриминацијата на Ромите во здравството

Јавна дебата на тема „Пред законот Ромите се исти, во здравствената пракса се дискриминирани“ ќе се одржи утре (1 февруари) во „Јавна соба“ со почеток од 11 часот.
Говорници во рамките на дебатата ќе бидат доктор Владимир Трајковски, Јована Јовановска-Кануркова – правен советник од Хелсиншки комитет за човекови права во Република Македонија, Данче Гудева-Никовска – офицер за здравје и храна во канцеларијата на УНИЦЕФ и Љатифе Шиковска – ромски здравствен медијатор и претседател на организацијата „Амбрела“ од Шуто Оризари. Модератор на дебатата ќе биде новинарката Ирена Мулачка.
Настанот го организира Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа од Скопје. Тој е дел од активностите на проектот „Менување на наративите кон Ромите во здравствените институции“, финансиран од страна на Фондацијата „Отворено општество -Македонија“.
Спонзорирано: