12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јоргос Кумуцакос: Средбата со Нимиц не ги ослабува стравувањата на Нова демократија

Јоргос Кумуцакос, кој е одговорен за надворешната политика во грчката опозициска Нова демократија, призна дека средбата што се одржа во вторникот во Атина со медијаторот Метју Нимиц не придонела за слабеењето на стравувањата на партијата.
Според Кумуцакос, за решавање на спорот помеѓу Скопје и Атина неопходна е промена на македонскиот Устав.
„Решението треба да биде едно и неделиво и да обезбедува најпрвин укинување на сите форми на иредентизам од соседната земја. Понатаму, име прифатено од Грците и следно – прифаќање на името од сите. Очигледно е дека единствената гаранција за сето тоа е промената на Уставот на Скопје“, рече грчкиот политичар повторувајќи ја позицијата на Нова демократија.
Специјалниот претставник на ОН во спорот за името на Македонија вчера за време на посетата во Атина оствари средби со министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, и со Јоргос Кумуцакос. Според информации во грчките медиуми, американскиот дипломат дал иницијатива за средба со Кумуцакос.
Во пладневните часови Нимиц се состана со Коѕијас, а агендата на неговата посета продолжи со работен ручек. По посетата на Атина, Нимиц отпатува за Скопје, каде што ќе се состане со претставници на македонската државна и политичка елита.