14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стојаноска: СДСМ остави надвор од законот илјада стечајни работници без решен статус

„Овој закон е фаличен, со него не се опфатени стечајците под 15 години стаж ниту, пак, лицата што останале без работа пред 1995 година. Поради временската граница, оставени се над 1.500 луѓе со нерешен статус, иако поголем број од нив имаат и по 20 или 25 години стаж.

Покрај фаличноста на законот, со него СДСМ го прекрши и член 8 од законот со тоа што Владата на Република Македонија нема доставено список со лица и фирми до АВРМ.

Дека законот е донесен заради популизам, говори и фактот што власта го донесе без никаква претходна анализа, а бројките и пресметките опфатени во него се паушални и неточни. Имено, во образложението на законот пишува дека 3.000 лица ќе бидат опфатени, а во реалноста бројот на лицата е неколкукратно поголем. Моментно, над 15.000 барања од стечајците поднесени до АВРМ се неодговорени и чекаат на откочување на постапката, а власта нема донесено ни 1.000 решенија за кои не се ни знае по кои критериуми и методи се изготвени.

Овие луѓе што се жртви на транзицијата што СДСМ ја спроведе чекаат решавање на својот статус. Овие луѓе што се дел од 200.000 работници оставени на улица во времето на СДСМ не смеат да останат измамени.

Барањата на граѓаните не се одговараат во согласност со роковите на управна постапка. Дополнително, на електронскиот систем на АВРМ е поставена забрана за изготвување негативни решенија, што повлекува и кривична одговорност за директорката.

СДСМ го донесе овој закон заради краткотраен предизборен популизам. Тој е паушален и не им го решава проблемот на стечајците. Самиот рок, кој беше предвиден од една година за поднесување на барањата, беше со цел предизборна манипулација и лажно подгревање надеж кај граѓаните.

Граѓаните сега го гледаат целото лицемерство на власта. Лагите со кои се служеа за предизборна манипулација веќе излегуваат на површина. Доколку ВМРО-ДПМНЕ управуваше со Владата, веќе одамна ќе имаше неколку мерки за оваа категорија на лица и нивниот статус ќе беше решен. Имено, во време на ВМРО-ДПМНЕ со законите од 2008 и 2014 година беа обезбедени 4.300 стечајци, а преку мерките за вработување беа отворени над 170 илјадни работни места“, додаде Стојаноска.

Спонзорирано: