20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин за американската листа на Кремљ: Кучињата си лаат, а карванот си врви

„Кучињата лаат, но карванот си врви“, рече Путин неколку часа откако беше објавен извештајот на американското Министерство за финансии, во кој се најде целата руска влада и беа објавени голем број истакнати руски бизнисмени. Листата на 210 луѓе не го спомнува рускиот лидер.

„Штета“, одговори саркастично Путин на новинарско прашање за тоа како се чувствува што го нема на листата.

„Сепак, овој потег е секако непријателски бидејќи ги оштетува веќе влошените руско-американски односи. Што сакаат? Тие мора да одлучат за себе“ рече Путин осврнувајќи се на политиката на Вашингтон.

„Русија е подготвена да изгради долгорочни односи кои се стабилни и базирани на меѓународното право“, додаде рускиот лидер.

Рускиот претседател истакна дека САД ја изедначуваат Москва со Техеран и Пјонгјанг, а во исто време ја повикуваат Русија да помогне во решавањето на кризата во Северна Кореја и да посредува во прашањата поврзани со Иран.

Американското Министерство за финансии денеска објави листа со целата руска влада меѓу 114 други високи функционери, како и 96 истакнати бизнисмени. Документот тврди дека во никој случај не е листа на санкции и покрај тоа што е дел од законот за санкции насочен кон Москва, како и Техеран и Пјонгјанг.

Спонзорирано: