6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски во Брисел: СДСМ ги злоупотребува државните институции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека нивната делегација за време на престојот  во Брисел остварила корисни состаноци на коишто ги изнеле позициите на нивната партија, а истовремено го реафирмирале и нивниот став за ориентирање кон полноправно членство во Европската Унија и НАТО алијансата.

„Ќе ја искористиме нашата целокупна инфраструктура во рамките на сестринската Народна партија, за да можеме да добиеме позитивен извештај за напредокот на Република Македонија и нејзино понатамошно почнување преговори со Европската Унија.  Така што генерално се обидовме позитивно да дејствуваме за она што се вели напредок на Република Македонија во рамките на ЕУ“, рече Мицкоски.

Додаде дека на средбите се зборувало и за политиката на владејачката партија, која според зборовите на Мицкоски, ги злоупотребува државните институции, а врши злоупотреба на моќта и на мерката притвор. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот на опозицијата, која смета дека заостануваат реформи, резултатите на економски план се негативни, а изгубено е чувството и на доверба во демократијата.

„Заостануваат суштински реформи, реформи коишто владата треба не само декларативно туку и применливо да ги имплементира во Република Македонија, реформи што ќе значат подобар живот за нашите граѓани, подобар живот во општеството во Република Македонија во целост.  Така што генерално, допревме многу теми. те,и што значат и промоција. Теми што значат и поддршка за Република Македонија од страна на нашата сестринска Народна партија, од страна на нејзините капацитети во рамките на Европската комисија, но секако и теми коишто потребно е да ги информираме европратениците за сето она што се случува во Македонија, кои, за жал, имаат пред себе негативен предзнак“, рече Мицкоски.

Тој посетата во Брисел ја оцени како успешна, многу корисна и интензивна. Заклучи дека ВМРО-ДПМЕ ќе продолжи да ги надградува своите позиции и односи со луѓето  во Брисел на едно повисоко ниво.

Спонзорирано: