21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Николоски: Македонија има силна поддршка за членство во ЕУ

На средбите што ги остваривме во Брисел сите говореа за силната поддршка којашто Република Македонија ја добива за членството во Европската Унија и посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи тој пат. Ова го изјави потпретседателот на опозициската партија, Александар Николоски, кој заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и координаторот на пратеничката група на партијата, Владимир Ѓорчев, престојува во работна посета на Брисел.

„Средбите на највисоко можно ниво со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, со комесарот за проширување Јоханес Хан, со претседателот на Европската народна партија, најголема партија во Европа, Жозев Дол, генералниот секретар на ЕПП, тројката пратеници која што е одговорна за Македонија, Вајгел, Кукан и Флекенштајн, како и средбите коишто тука денеска ги имаме во Европскиот парламент со пратениците Петерле, Петир и другите со коишто се среќаваме говорат за силната поддршка којашто Република Македонија ја добива за членството во Европската Унија и посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи тој пат“, рече Николоски.

Додаде дека патот кон ЕУ треба да значи подобар живот за граѓаните на Република Македонија, но и зачувување на македонските национални интереси на тој пат. Николоски рече дека секоја интеграција во Европската Унија мора да е проследена со сериозни преговори, но истовремено и граѓаните сето тоа да го почувствуваат како придобивка.

„Информиравме за тоа што ѝ се случува на Република Македонија од 2009 година до денес кога секоја година од страна на Грција е блокирана и не може да ги опочне преговорите.  Се надеваме дека таа блокада ќе се отстрани и без разлика што ВМРО-ДПМНЕ е опозиција силно се надеваме дека Рпублика Македонија ќе почне преговори и успешно ќе ги заврши“, изјави Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ на средбата со високите претставници зборувала и за внатрешните политики во земјата.

„Силно алармиравме за застојот којшто го прави владата за политичкиот притисок и прогонот што се случува врз политичките неистомисленици за шесте притворени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и триесетина други притворени за настаните од 27 април, сите оние коишто се под прогон на СЈО и сето она што го прави новата влада како политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николоски и изрази надеж дека пораките ќе бидат слушнати, а од ЕУ ќе добијат соодветен одговор.

Спонзорирано: