17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Словенија почна постапка за признавање на државата Палестина

Одборот за надворешни прашања на Собранието на Словенија утре ќе гласа по предлогот за признавање на државата Палестина.  Доколку овој предлог биде усвоен од страна на Одборот, потоа за истиот ќе гласаат сите пратеници.
Израелските медиуми јавуваат дека признавањето на државата Палестина е поддржано од министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец.
На негативните последици за Словенија, предизвикани од евентуално признавање, денес укажа Ејал Села, амбасадорот на Израел во Словенија, на состанокот со претседателот на Собранието, Милан Брглез, и претседателот на Одборот, Џозеф Хорват во Љубљана.
Минатата недела претседателот на Словенија, Борут Пахор, изјави за „Франс прес“ дека се спротивставува на признавањето на Палестина.
Доколку ја признае Палестина, Словенија, заедно со Шведска, ќе биде втората земја од Европската Унија која направила таков чекор.