17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

УСАИД ќе издвои седум милиони долари за медиумите на Балканот

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) претстави во Сараево заедничка програма за помош на медиумите на Балканот.
„Б92“ пишува дека фокусот на програмата ќе биде ставен на развој на онлајн медиумите во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово, а програмата во вредност од седум милиони долари ќе трае три години.
Амбасадорката на САД во Босна и Херцеговина, Морин Кормак, при презентација на програмата порача дека слободните медиуми се темелат на демократија, а во регионот, како што наведе, медиумите се под притисок на разни извори. Од тие причини програмата била осмислена како регионална, а насочена кон поддршка на независните медиуми и истражувачкото новинарство.
„Сакаме да помогнеме за развој на истражувачкото новинарство бидејќи неговата улога во општеството е посебна, со оглед на тоа што известува за сето она што го прават корумпираните граѓани“, нагласи таа.
Додаде дека ќе им помогнат на медиумите да користат нови технологии, да склучат партнерства за рекламирање и огласување и да работат на развој на содржините што ги емитуваат.
Спонзорирано: