11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Приштина воведе пар-непар како мерка против загадувањето

Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, соопшти дека ќе бидат преземени итни мерки за намалување на високата загаденост во градот.

Како што се наведува, итните мерки ќе почнат да се применуваат од утре, во соработка со Министерството за животна средина и Министерството за внатрешни работи.

„Предвидено е намалување на бројот на возила кои се движат во главниот град, преку стопирање на возила што доаѓаат од други градови во период од 6 до 9 часа, односно од 16 до 22 часот, како и воведување на системот пар-непар возила со приштински регистерски таблички. Автомобилите со таблички со непарни броеви ќе се движат во деновите со непарен датум, додека оние со таблички со парни броеви ќе се движат во парните денови“, соопштија медиумите во Приштина.

На сите возила на кои нема да им биде дозволен влез на Косово ќе им биде обезбедено паркирање на одредени локации. Услугите на градскиот превоз ќе бидат бесплатни, а на превозниците штетата ќе им биде надоместена со средства од косовската Влада.

Со посебна одлука се забранува продажбата на јаглен и негово користење за греење.

Од денеска шест инспекциски екипи се на терен и ја контролираат документацијата на превозниците со цел да утврдат дека се исполнети законските услови за контрола за исправност на возилата, односно задолжителната контрола на секои шест месеци.

Исто така, инспекторските служби ќе оневозможуваат влез во Приштина на нелегални таксисти.

Според последните мерење направени синоќа околу 20 часот, Приштина била еден од најзагадените градови во светот.

Спонзорирано: