8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев бара опозицијата да биде разумна и да не го блoкира Собранието

„Се борев за враќање на демократијата во Македонија. Еве ја демократијата и го почитувам правото на опозицијата да ги користи сите демократски права и начини на постапување во законодавниот дом и насекаде. Мене ме загрижува што ќе се случи со реформите кои се битен услов за добивање препорака за Македонија сега во вакви услови кога ќе се блокира работата на Собранието со поднесените амандмани за Законот за употреба на јазиците“, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред кривичниот суд во Скопје, каде што се одложи рочиштето за случајот „Поткуп“.

Тој очекува опозицијата да биде разумна во врска со поднесените над 30 илјади амандмани за Законот за употреба на јазиците и да не го блокира Собранието, особено сега кога земјава има шанси да добие препорака за почнување на преговорите за членство во ЕУ.

Заев вели дека во принцип поддржува широка дебата за сè, па така и за овој закон и изрази надеж дека на координацијата парламентарните партии ќе се договорат во согласност со Деловникот како ќе се одвива работата на Собранието по поднесените илјадници амандмани.

Спонзорирано: