22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со прогноза – еве што се најавува со времето

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 5 до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер, а претпладне ќе има и појава на слаба магла. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 6 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. До недела во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.

Спонзорирано: